Новиот бугарски мандатар Кирил Петков на промоцијата на новиот владин состав во бугарското собрание изјави дека кога станува збор за политика кон Северна Македонија, двете земји можат да извлечат бенефит од договорот. Тој посочи дека и двете земји можат да добијат многу од заедничкиот одговор.
„Бугарската позицијата останува таква каква што е, но ние сакаме да ја надградиме. Не сакаме да продолжиме само со пароли од двете страни на границата, сакаме со тимовите да одиме кон добрососедство, но и ќе ги браниме нашите национални интереси, “ изјави Петков.
Тој во денешното обраќање истакна дека очекува в понеделник да помине гласањето за новиот Совет на министри. Петков изјави дека амбициите на новиот владин совет во наредните 4 години ќе биде мотото „нулта толеранција за коруцпија“.
Тој додаде дека во наредниот период нема да има нетранспарентно финансирање на медиуми од ниту едно министерство.
Прв приоритет на владината коалција ќе биде цената на струјата, а вториот фокус ќе биде кризата со ковид-19 и нивото на вакцинација кое е неоходно да се зголеми.
Во зградата на Народното собрание на Бугарија, идниот премиер го претстави составот на новата бугарска Влада, која ќе биде коалициска и ќе вклучува четири партии и коалиции. Ќе има пет вицепремиери и 17 министри.