Потпишан е коалицискиот договор меѓу четирите бугарски парламентарни партии

илустрација

Коалицискиот договор е потпишан, изјавија копретседателите на „Промените продолжуваат“ Кирил Петков и Асен Василев. Како што јави дописникот на МИА од Софија, лидерите на четирите преговарачки партии, по тринеделни преговори ставија потпис на коалицискиот договор за формирање влада со мандат на „Продолжуваме со промените“.

Последна договорот го потпиша лидерката на БСП Корнелија Нинова, пред договорот да го потпишат копретседавачите на Демократска Бугарија, Христо Иванов и Атанас Атанасов, а лидерот на „Има таков народ“ Слави Трифонов го потпиша во неговата партиска канцеларија.

Петков коментираше дека документот содржи 140 страници и навистина ќе овозможи коалицијата да биде стабилна и да работи долго време, бидејќи нема заеднички зборови и има детални политики, има многу сериозни очекувања и „секој министер од оваа влада ќе треба да се справи со овие задачи“.

Претходно од кабинетот на бугарскиот претседател Румен Радев соопштија дека в сабота претпладне претседателот ќе го додели мандатот за формирање влада на кандидатот за премиер, предложен од најголемата пратеничка група во 47. Народно собрание „Продолжуваме со промените“.