Радев в сабота ќе го додели мандатот за формирање влада на Бугарија

Румен Радев

Претседателот на Бугарија, Румен Радев в сабота претпладне ќе го додели мандатот за формирање влада на кандидатот за премиер, предложен од најголемата пратеничка група во 47. Народно собрание „Продолжуваме со промените“, соопшти прес-службата на бугарскиот претседател.

Претходно Националниот совет на БСП се согласи да го потпише коалицискиот договор за состав на новата бугарска влада. Како што јави дописникот на МИА од Софија, откако Корнелија Нинова веќе доби поддршка од Националниот совет, четирите партии од коалицијата ќе го потпишат договорот до крајот на денот.

БСП ќе предложи и имиња за уште три министерства – туризам, земјоделство и труд и социјална политика.