Регистрирани 361 нов случај на ковид 19, починаа осуммина

илустрација

Во последните 24 часа направени се 3.028 тестирања, а регистриран е 361 нов случај на КОВИД-19, оздравени се 433 пациенти и регистрирани се осум починати лица, информира Министерството за здравство.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа, регистрирани се нови заболени во Скопје – 166, Прилеп – 41, Битола – 30, Кавадарци – 22, Кочани – 14, Куманово и Велес – по 12, Тетово – 8, Гевгелија – 6, Неготино, Радовиш и Делчево – по 5, Кичево, Берово, Валандово и Македонски Брод – по 4, Струмица – 3, Гостивар, Штип, Охрид, Богданци и Пехчево – по 2, Крива Паланка, Пробиштип, Кратово, Демир Хисар, Крушево и Дојран – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се осум починати лица, од кои четири починати од Скопје, три починати лица од Битола и едно починато лице од Куманово. Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“, дополнително се пријавени седум починати лица со датум на смрт од 26.11.2021 до 08.12.2021.

Досега во земјата се направени вкупно 1.496.479 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 218.723, бројот на оздравени пациенти е 205.303, на починати е 7.710, а бројот на активни случаи изнесува 5.620.