Укажувачите Лазаревски и Костовски добитници на државна награда

Укажувачот Ѓорѓи Лазаревски

Укажувачите Ѓорѓи Лазаревски и Звонко Костовски кои го отворија скандалот со незаконското прислушување денеска ја примија награда „Мето Јовановски“, за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права.

Претседателската на одборот за доделувањето на наградата Уранија Пировска изјави дека борбата за човекови права е невозможна без храброст, одлучност и преземање на ризик, а борецот за човекови права мора да биде личност со интегритет кој е подготвен да преземе акција и по цена на нарушување на личната безбедност.

„Овие долгогодишни службеници во МВР и двајцата врвни професионалци и наградувани за проекти поврзани со националната безбедност откако дошле до сознанија за масовно кршење на човековите права со незаконско прислушкување во 2010 година започнале со обезбедување докази за нелегалните активности. И покрај опасноста и можните реперкусии врз нивниот живот тие решаваат да станат укажувачи да овој голем криминал со кој брутално се прекршуваат човековите права. Поради оваа активност Лазаревски и Костовски беа цел на оркестрирани напади, заплашувања кон нив и нивните семејства, а поминаа и период во затвор“, истакна Пировска.

Ѓорѓи Лазаревски кој веќе е пензионер изјави дека се надева дека никогаш нема да се повтори масовно прекршување на правата на илјадници наши граѓани.

„Пред точно 11 години ние решивме да го сториме тоа што сметавме дека е единствено исправно во дадените околности. Бевме сосема свесни за ризиците, а за награди и признанија ниту помисливме ниту ни беа битни“, изјави тој.

Врачена државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2021 година

На доделувањето на наградата на која присуствуваа премиерот Зоран Заев, министерката за одбрана Радмила Шекеринска, министерката за култура Ирена Стефоска, пратеници, професории.