Претседателот на Србија Александар Вучиќ, по повод продолжувањето на протестите против изградба на рудник за литиум во западна Србија, денеска рече дека власта ги исполнила сите еколошки барања кои ги добила, а дека сите идни барања се исклучиво политички, и оти тоа сите го знаат.
Вучиќ додаде дека ги прифатил и они барања кои ги сметал за политички хирови, како прашањата за таксите и периодот за повторување на референдумот.
Српското собрание го изгласа Законот за експропријација, со кој ќе се олеснува отворањето рудник за литиум, но по големите протести Вучиќ не го потпиша законот и го врати на повторно разгледување, по што владата го повлече од собраниска процедура.
Вучиќ рече дека законот ќе се носи по широка јавна дебата и кога ќе се постигне општествен консензус.