Бајден го уверил Зеленски за американската поддршка за Украина

украинскиот претседател Володимир Зеленски и американскиот претседател Џо Бајден

Американскиот претседател Џо Бајден му пренел на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Соединетите држави целосно го поддржуваат украинскиот суверенитет, соопшти Белата куќа. Бајден „ја потврди непоколебливата посветеност на Соединетите Држави за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“, се вели во соопштението на Белата куќа откако двајцата претседатели разговарале околу 90 минути.

Можна војна: Украински војници за заканата од руска инвазија

Со што Бајден му се закани на Путин околу Украина?

Бајден, исто така, „јасно стави до знаење дека САД и нивните сојузници и партнери се посветени на принципот „нема одлуки или дискусии за Украина без Украина“, се вели во соопштението. Бајден вети дека ќе разговара со лидерите на девет членки на НАТО во Источна Европа за руското воено засилување „и потребата од обединета, подготвена и решителна одбрана на сојузниците. Се наведува дека Бајден ја истакнал посветеноста на САД за континуирани блиски консултации и координација со сите трансатлантски сојузници и партнери „за деескалација на сегашната криза преку одвраќање, одбрана и дијалог“.