Светската здравствена организација (СЗО) изрази загриженост дека богатите земји, стравувајќи од новиот вид на коронавирус - омикрон, би можеле да ја зголемат акумулацијата на дозите на вакцини и со тоа повторно да ги намалат глобалните резерви. По состанокот на членовите на експертското тело за вакцинација на СЗО, агенцијата на ОН повторно ги советуваше владите да не даваат масовно таканаречени „бустер“ дози на вакцини, туку да ги испраќаат во сиромашните земји во кои главно недостасуваат.
Фаучи: Првите извештаи за омикрон покажуваат дека е помалку опасен од делта вирусот
Шефот на Одделот за имунизација, вакцини и биолошки препарати на СЗО, Кејт О'Брајан, изјави дека од појавата на новиот сој омикрон, постои ризик повеќето вакцини повторно да завршат во богатите земји. „Тоа нема да даде резултати. Нема да даде резултати ниту од епидемиолошка перспектива, ниту од перспектива на преносот на вирусот, ако вакцините не пристигнат во сите земји“, рече О'Брајан.
МЗ: Невакцинирани се 69 отсто од позитивните на ковид-19 и 79 отсто од починатите
Месечниот недостиг на вакцини против коронавирус почна да се намалува во последните два месеца, а дозите конечно стигнуваат до земјите на кои им е најпотребна, преку донации и програмата Ковакс поддржана од ОН. СЗО, која сака трендот да се одржи, долго време ја осудува нееднаквата дистрибуција на вакцини, како резултат на што повеќето дози се давани на луѓето во богатите земји, чии лидери натрупале големи мерки на претпазливост.