Бајден предупреди на назадување на демократијата

Американскиот претседател Џо Бајден

Американскиот претседател Џо Бајден предупреди на назадување на правата и демократијата ширум светот при отворањето на виртуелениот самит на кој учествуваат претставници од околу 100 земји.

Во неговиот денешен говор на дводневниот Самит за демократија, Бајден повика на нови заложби за зачувување на демократијата против ширењето на авторитаризмот. Тој рече дека трендовите „во голема мера покажуваат кон погрешна насока“ и дека на демократијата и требаат „шампиони“.

„Демократијата не се случува случајно. И ние мора да ја обновиме со секоја генерација. Според мене, ова е одлучувачкиот предизвик на нашето време“, рече Бајден.

Белата куќа го наведе самитот како начин за соработка на Соединетите држави и истомислениците против авторитаризмот, корупцијата и кршењето на човековите права.

При отворањето на самитот, администрацијата на Бајден соопшти дека работи со Конгресот за да обезбеди 424,4 милиони долари за нова иницијатива за обновување на демократијата ширум светот, вклучително и поддршка за независните медиуми и демократските реформатори. Самитот беше остро критикуван од Кина и Русија, како и од други земји, како што е сојузникот на НАТО, Унгарија, кои не беа поканети.