Град Скопје ќе одвои повеќе пари за семејствата на загинатите во несреќата во Бугарија

Посмртните останки на загинатите македонски државјани во автобуската несреќа во Бугарија

Град Скопје ја зголеми сумата што ќе им ја даде како парична помош на семејствата на жртвите во автобуската несреќа која се случи на 23 ноември во Бугарија.

На денешната, втора по ред, седница на Советот на Град Скопје на барање на градоначалничката Данела Арсовска, сумата за помош се зголемува на 3,5 милиони денари (околу 60 илјади евра), соопшти прес-службата на Град Скопје.

Првичната сума за семејствата на загинатите изнесуваше два милиона денари (околу 35 илјади евра).

Во автобуската несреќа загинаа 45 загинаа, а седуммина се повредени.