Макрон ќе ги презентира приоритетите на француското претседателство со ЕУ

Францускиот претседател Емануел Макрон

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ќе ги претстави приоритетите на француското шестмесечно претседавање со Советот на Европската унија (ЕУ), кое започнува на 1 јануари. Тоа претседателство ќе биде специфично за Франција, бидејќи ќе се совпадне со претседателските избори кои ќе се одржат на 10 и 24 април и парламентарните избори во јуни. Целите на Макрон се „да го зајакне европскиот суверенитет“, особено преку воена автономија, да ја унапреди борбата против климатските промени, како и односите со Африка, пишуваат француските медиуми.

Радев на Макрон му ја пренел бугарската позиција за С.Македонија

Во првите три месеци од своето претседавање, Франција планира да одржи самит за одбрана, како и да одржи неколку важни состаноци пред претседателските избори. Макрон ќе претстави список на градови каде што ќе се организираат состаноци и други настани во рамките на претседавањето со ЕУ, соопшти Елисејската палата. Францускиот претседател неодамна изјави дека „оживувањето, моќта и припадноста“ се три прашања за кои Франција ќе се залага. Според него, неопходно е да се „оживее како одговор на кризата“, да се признае припадноста кон Европа и да се развие сила што ќе ја зајакне Европа за да може да прави „свој избор, во воена, технолошка, културна и вредносна смисла“.