Бугарија нема намера да ја промени позицијата за Северна Македонија до крајот на годинава и нема да одобри почеток на преговори со ЕУ. Ова е позицијата на техничката влада во Софија утврдена на вчерашната седницата. „Бугарија ќе се придржува до декларацијата на Народното Собрание од 10 октомври 2019 година во врска со проширувањето на ЕУ“, соопштија од владината прес-служба во Софија. Македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи деновиве изјави дека се уште постои надеж оти бугарскиот став ќе се смени до одржувањето на Советот за општи работи на ЕУ на 14 декември.
Димитров - С. Македонија не е подготвена за почеток на преговори со ЕУ
Но, официјална Софија смета дека, засега, само Албанија е подготвена да ги започне преговорите за членство, и покрај тоа што Европската комисија и неколку поголеми земји-членки на ЕУ сметаат дека двете балкански земји треба да останат во пакет. „За Бугарија, одлучувачки останува основниот принцип на сопствените заслуги на секој кандидат. Бугарија верува дека Албанија е подготвена за напредок на патот кон ЕУ, и постои подготвеност да се поддржи усвојувањето на преговарачката рамка за земјата и одржувањето на првата Меѓувладина конференција“, соопшти техничката влада во Софија.
Ескобар: Работиме на што побрза евроинтеграција на Северна Македонија
Кирил Петков, која ќе ја предводи новата влада која треба да биде избрана денеска, оцени дека ќе бидат потребни шестмесечни преговори за да се дојде до решение. „Треба да формираме работни групи и да им дозволиме да работат шест месеци, за да не бидат само националистите на обете страни тие што ги носат одлуките.“ „Давањето зелено светло за почеток на преговорите сега, без дискусија, само ќе ги зајакне националистите на обете страни“, рече Петков.