Врачена државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2021 година

Добитници на државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2021 година

Во македонското Собранието денеска беше врачена државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2021 година.

Добитници годинава се универзитетската професорка Ѓулумсер Касапи за остварување во областа на воспитанието и образованието, писателот Јован Павловски, музичкиот уметник Снежана Анастасова-Чадиковска и Елена Дончева, академски сликар – костимограф во областа на културата и уметноста.

Наградите им ги врачи академик Газанфер Бајрам од Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“, кој истакна дека оваа висока државна награда се доделува секоја година на овој ден, на светецот кој што длабоко е вграден во културата и историјата на нашата држава.

На доделувањето на наградата присуствуваа претседателот Стево Пендаровски, претседателот на Собранието Талат Џафери, министерката за култура Ирена Стефоска, министри, пратеници и академици.

Државната награда „Св. Климент Охридски“ е највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Македонија.