Русија лансираше ракета на која се јапонски милијардер и руски новинар

Помошникот Јозо Хирано, јапонскиот милијардер Јусаку Маезава и рускиот космонаут Александар Мисуркин

Руската ракета „Сојуз“, на која се јапонски милијардер и новинар од руската државна новинска агенција ТАСС, денеска полета од казахстанскиот космодром Бајконур.

Се очекува ракетата Сојуз МС-20 да направи четири кругови околу Земјата пред да се приклучи на Меѓународната вселенска станица (ISS) по шестчасовен лет.

Ракетата со космонаутот Александар Мисуркин, ги носи јапонскиот онлајн моден тајкун Јусаку Маезава, неговиот помошник и известувачот на ТАСС.

Групата треба да помине 12 дена во вселената.