Европската комисија денеска ќе предложи нова мерка за трговска одбрана наменета за борба против земјите кои не се членки на Европската унија, а кои вршат непотребен притисок врз која било од членките на блокот, но планот веќе се соочува со скептицизам во Брисел. Ако стапи во сила денес, новата мерка би можела на пример да биде во форма на трговски или инвестициски ограничувања врз Кина поради притисокот што го врши врз Литванија откако таа му дозволи на Тајван да отвори де факто амбасада таму.
Пандора документи: „Како кинески Хуавеи работи во Србија“
Кина ги намали дипломатските односи со Литванија и официјални лица во Вилнус велат дека Пекинг, исто така, вовел блокада за нејзиниот извоз и врши притисок врз компаниите во трети земји да не прават бизнис со малата балтичка држава. Кина негира какви било неправилности. Предлогот, кој ќе треба да биде одобрен и од Европскиот парламент веќе предизвика загриженост кај некои земји-членки.