Соединетите држави и другите членки на НАТО треба да ротираат војници низ Украина за да ја одвратат Русија од воена акција против својот помал сосед, изјави за Радио Слободна Европа Џон Болтон кој беше поранешен американски советник за национална безбедност на претседателот Доналд Трамп од 2018 до 2019 година. Тој исто така рече дека Соединетите држави треба да испратат повеќе смртоносно оружје во Украина поради зголемената загриженост дека Русија наскоро може да ја нападне земјата.
Украинскиот министер за одбрана ја обвини Русија дека се подготвува за можна офанзива
Русија по втор пат оваа година собра повеќе од 90.000 војници во близина на границата со Украина, но овој пат загриженоста во САД и Европа за можна инвазија е поголема. Русија негираше дека планира воена акција против Украина. Висок официјален претставник на американската администрација на 6 декември изјави дека актуелните движења на руските војници и оружје „се во согласност“ со планираната воена ескалација во Украина, иако официјалниот претставник рече дека сè уште не е јасно дали Путин наредил инвазија.
Бајден: Ќе направам „да ѝ биде тешко“ на Русија да ја нападне Украина
Американскиот претседател Џо Бајден ќе разговара со Путин на денеска за зголемувањето на руските војници, како и за други важни билатерални прашања. Соединетите држави во моментов имаат неколку стотици воени обучувачи стационирани во западна Украина, додека британските медиуми минатиот месец објавија дека Британија има 600 војници подготвени да распореди во Украина доколку избијат непријателства.