Десетици илјади луѓе протестираа во неколку европски градови против рестриктивните мерки за коронавирус воведени во услови на пораст на инфекции. Повеќе од 40.000 луѓе демонстрираа во Виена трет по ред викенд против ограничувањата во Австрија, кои се најстроги во Европа.
Австрија е првата земја во Европа што на 22 ноември повторно воведе заклучување бидејќи земјата доживеа наплив на инфекции. Владата е првата во Европската унија која ја направи задолжителна вакцинацијата против коронавирусот, мерка која се очекува да стапи на сила од февруари.
Десетици илјади луѓе, исто така, протестираа во неколку германски градови против ограничувањата за коронавирус наметнати поради најлошиот бран на пандемијата во земјата. Германија воведе големи ограничувања за невакцинираните, забранувајќи голем дел од јавните настани за невакцинираните. Најголемиот протест се одржа во Хамбург, каде околу 5.000 демонстрираа во северниот пристанишен град против мерките за коронавирус. Протести се одржаа и во Франкфурт, Берлин и други градови. Во нејзиниот последен неделен подкаст пред да се повлече, канцеларката Ангела Меркел го обнови својот повик за вакцинирање, повикувајќи ги луѓето „сериозно да го сфатат овој вирус“.
И во централниот холандски град Утрехт, неколку илјади демонстрираа против ограничувањата што започнаа минатиот викенд.