Леб и политика

МАКЕДОНИЈА - Најверојатно ќе донесеме одлука за замрзнување на цените на основните прехранбени производи, најавува министерот за економија Крешник Бектеши. Подготвен е предлог што утре или во вторник ќе биде доставен на разгледување до Владата. Опфатени се лебот, млекото, зејтинот..., а според министерот, можеби и цената на местото ќе биде замрзната.

МАКЕДОНИЈА - Телата на 45 жртви од автобуската несреќа во Бугарија денеска пристигнаа на аеродромот во Скопје. На церемонијата присуствуваше државниот врв и гости од странство. Посмртните останки потоа беа префрлени до нивното вечно почивалиште. Граѓаните им одаваа почит на жртвите на плоштадот Скендербег.

КОСОВО - Косовската полиција, по налог на Специјалното обвинителство, денеска во неколку општини уапси 31 лице во акција во рамки на антикорупциската операција Субвенции 2021.

ИРАК - Најмалку 12 луѓе, меѓу кои и курдски борци, загинаа во напад на екстремистичката организација Исламска држава врз село во северен Ирак, јавуваат денеска курдските медиуми.

БЕЛОРУСИЈА - Белорускиот суд ги означи како екстремистички официјалниот канал на Телеграм и некои од сметките на белорускиот сервис на Радио Слободна Европа на социјалните мрежи. Оваа одлука е последна во низата обиди на белорускиот режим за задушување на независните медиуми и граѓанското општество во Белорусија.

БИХ - Европската унија (ЕУ) и додели на Босна и Херцеговина дополнителни 2,5 милиони евра хуманитарна помош за поддршка на загрозените бегалци и мигранти, соопшти денеска Делегацијата на ЕУ во БиХ.

ЕУ - На почетокот на 2022 година, Европската комисија (ЕК) ќе ги одобри првите инвестициски проекти кои Европската Унија (ЕУ) со ИПА III (претпристапен инструмент), потврдија од седиштето на Унијата во Брисел. Пакетот е вреден 30 милијарди евра.

БИХ - Седум лица се уапсени денеска во Босна и Херцеговина поради сомнеж дела извршиле масакр врз бошњачки цивили во војната во 90-тите години во местото Балатун во североисточна БиХ, соопштија полицијата и обвинителството.

УКРАИНА - Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников ја обвини Русија дека се подготвува за можна голема воена офанзива следниот месец, со тоа што натрупа 94 илјади војници во близина на границата со Украина.