Авионите со посмртните останки пристигнаа во Скопје

Воени авиони ги донесоа на Меѓународниот аеродром Скопје ги донесоа посмртните останки на загинатите македонски државјани во автобуската несреќа во Бугарија

Двата авиона со посмртните останки од Софија пристигнаа во Скопје. Со авионите се транспортираат посмртните останки на 45-те загинати македонски државјани во автобуската несреќа во Бугарија. Полетувањето на авионите беше пролонгирано поради лошите временски услови во Софија.

На Скопскиот аеродром останките ги пречека висока државна делегација, а на плоштадот „Скендербег“ во Скопје веќе се поставени венци пред кои граѓаните можат да им оддадат почит на загинатите во несреќата.

Поворката со останките која требаше да помине низ главниот град е откажана на барање на семејствата на загинатите, кои инсистирале да си ги подигнал останките од аеродромот.