Алтернатива за утре ја одложи одлуката за влез во Влада

Зоран Заев и Африм Гаши


Партијата Алтернатива за утре ја одложи седница на Централниот совет на треба да одлучува дали ќе биде дел од Владата. Седницата првично беше планирана за вечерва. Од партијата појаснуваат дека одложувањето се должи на тоа што денес ќе бидат погребите на 45-те настрадани луѓе во сообраќајната несреќа во Бугарија.

Партискиот портпарол Орхан Муртезани соопшти дека седницата на Централниот совет на Алтернатива ќе се одржи в сабота во 18 часот во партиското седиште во Тетово.

Лидерот на партијата Африм Гаши досега имаше три средби со претседателот на СДСМ Зоран Заев на кои се дискутираше за учество на Алтернатива во Владата и поддршка на нивните четворица пратеници.