Петков се надева дека за една недела ќе има влада на Бугарија

Кирил Петков во Народното Собрание, 3 декември, 2021.

Лидерот на „Продолжуваме со примената“ Кирил Петков се надева дека до крајот на следната недела ќе биде потпишан договор за коалицирање со бугарската Социјалистичка партија, „Има таков народ“ и „Демократска Бугарија“. Доколку тоа се случи, Бугарија може да има редовна влада, предвидува Кирил Петков, копретседавач на „Продолжуваме со промената“ која победи на парламентарните избори.

Петков ја даде изјавата при влезот во Народното Собрание каде денеска се одржува првата седница на новоизбраниот Парламент, јавува бугарскиот сервис на РСЕ.

Слична прогноза, на влезот во Народното собрание даде и лидерката на Бугарската социјалистичка партија Корнелија Нинова. Таа рече дека Кирил Петков се уште не зборувал за идни министри и рече дека не е точно дека четирите партии се договориле таа да биде претседател на Народното Собрание.

Нинова дополни дека очекува од мандатарот да свика лидерска средба на која ќе се разрешат спорните прашања. Како резултат на оваа средба и експертските одлуки треба да се подготви коалициски договор со конкретни предлози по датуми и месеци.

Кирил Петков најави дека нивна кандидатура за претседавач со 47. Народно собрание на Бугарија ќе биде адвокатот Никола Минчев. Во салата на Народното собрание се претседателот и потпретседателот на Бугарија Румен Радев и Илијана Јотова, како и привремениот премиер на Бугарија Стефан Јанев и членовите на преодната влада на државата