Прва седница на новоизбраното собрание на Бугарија

Првата седница на бугарскиот парламент по претходните избори, Софија, 21 јули 2021 година

Денеска треба да се одржи првата седница на новоизбраното 47. Народно собрание на Бугарија што во минатата недела ја закажа претседателот Румен Радев. Веднаш потоа почнува и процедурата за новата влада. Уставната процедура најпрво предвидува шефот на државата да има консултации со сите парламентарни партии, а бидејќи сега има седум партии во новоизбраното 47. Народно собрание, тоа би траело најмалку 2 дена. Така, најраниот можен датум на кој претседателот Радев може да го предаде првиот мандат, на 8 декември.

Предлози за ротирачко претседателство со Парламентот во Бугарија

Радев очекува европска зрелост од Македонија

Потоа започнува 7-дневен период во кој победникот на парламентарните избори во Бугарија – „Продолжуваме со промената“ мора да предложи свој кандидат за премиер. Тоа значи дека на 15 декември може да се гласа за нова бугарска влада и новиот премиер на државата да учествува во Советот, но без да има време да се подготви за средби со европските колеги и да не биде детално запознаен со позициите на Бугарија, пишува бугарското издание на „24 часа“, наведувајќи дека е многу е малку веројатно изборот на новата бугарска влада да биде изненадувачки поврзан со претстојниот Европски совет на 16 и 17 декември.