Дијалогот на високо ниво е клучен за градење доверба и надминување на спорните прашања во односите меѓу Бугарија и Република Северна Македонија. Ова е заедничкиот став на претседателот на Бугарија Румен Радев и на премиерот на Република Северна Македонија Зоран Заев, кои вчера остваријa телефонски разговор, соопшти кабинетот на бугарскиот претседател.
Можна нова влада во Бугарија и нова македонска надеж за ЕУ
Радев ги прими македонските Бугари, најави нова политика кон Македонија
Радев и Заев, како што е наведено во соопштението, разговарале за аспектите на билатералните односи меѓу двете земји, за ефективно почитување на правата на луѓето кои отворено се изјаснуваат како Бугари во Република Северна Македонија, како и за нејзината европска перспектива.