Тројца ученици убиени, осум ранети во пукање во училиште во САД

илустрација

15-годишно момче на 30 ноември во средно училиште во американската сојузна држава Мичиген уби тројца соученици и рани уште осум лица, меѓу кои и еден професор. Осомничениот, ученик во 10-то одделение во училиштето, бил уапсен без отпор откако испукал 15 до 20 куршуми од полуавтоматски пиштол, рече заменик шерифот Мајкл Мекејб. До ова дојде во училиштето во Оксфорд, Мичиген, на околу 65 километри северно од Детроит. Двајца од ранетите биле оперирани, а шестмина се во стабилна состојба, додаде тој. Мотивот на напаѓачот не е познат.

САД: Напаѓач во супермаркет уби едно лице, а рани 12

Најмалку две момчиња загинале при престрелка во САД

„Осомничениот, за кој се верува дека дејствувал сам, не открил ништо на полицијата и побарал право на адвокат откако неговите родители го советувале да не зборува“, рече Мекејб. „Моето срце е со семејствата кои ја поднесуваат незамисливата тага поради губењето на саканата личност“, изјави претседателот Џо Бајден по пукањето. Тоа беше последното во серијата престрелки во училиштата во САД кои датираат од пред неколку децении. И покрај емотивните дебати за контролата на оружјето и грижата за менталното здравје, имаше неколку промени за заострување на законите што ја регулираат продажбата на оружје или за обезбедување третман на нарушувања на менталното здравје за тинејџерите, кои обично се напаѓачи.