Распишан референдумот за промена на Уставот на Србија

Протест против измени на законите за експропријација и референдум, Лозница

Претседателот на Собранието на Србија Ивица Дачиќ распиша референдум за промена на Уставот на Србија, кој ќе се одржи на 16 јануари идната година. Дачиќ ја потпиша Одлуката по седницата на Собранието на Србија. Пратениците претходно ги усвоија Законот за промена на Уставот на Србија, Уставниот закон за спроведување на Законот за промена на Уставот и Одлуката за распишување републички референдум со цел да се потврди Законот за промена на Уставот. Како што пишува во одлуката за распишување републички референдум, граѓаните ќе се изјаснат за референдумското прашање: „Дали сте за потврдување на Законот за промена на Уставот на Република Србија“.

Протест во Белград против измени на законите за експропријација и референдум

Кога станува збор за предложените измени на Уставот, тие се однесуваат на делот за правда, а како што истакна министерката за правда Маја Поповиќ на расправата, „целта на промената на Уставот е да се зголеми правната сигурност на граѓаните“ бидејќи само независно судство и независно јавно обвинителство гарантираат заштита во судските постапки. Министерката рече дека политиката е исклучена од изборот на судии и обвинители, а судиите повеќе нема да ги избира Собранието, туку Високиот судски совет. Обвинителите ќе ги избира Високиот совет на обвинители, кој има 11 члена, од кои четворица ги избира Собранието.