Влада: Премиерот Заев ги демантира изјавите на Таравари, бара извинување или ќе тужи

Премиерот Зоран Заев

Премиерот Зоран Заев најостро ги демантира изнесените лаги и дезинформации дека наводно тој или било кој друг по негова насока нудел пари на пратеници, соопштија вечерва од Владата. „За оваа груба манипулација, лага и клевета ќе бидат преземени сите правни дејствија низ правосудните институции доколку господинот Таравари веднаш јавно не ја повлече изнесената клевета и доколку јавно не се извини“, се вели во демантот од Владата на изјавата на градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари.

Таравари - Владата со Алтернатива нема да трае долго


Таравари во гостување на Дневникот на ТВ Сител рече дека пратеничка од партијата Алијанса на Албанците добила парична понуда за да прејде во актуелното парламентарно мнозинство. „Во оваа држава се може да се направи. Пратеничката добила понуда од другари од премиерот и лично од премиерот. Ова е циркуз држава“, изјави Таравари.