Уапсени деветмина Срби осомничени за воени злосторства во БиХ

Илустрација, Поточани, Меморијален центар Сребреница

Деветмина Срби, поранешни припадници на Војската на Република Српска, се уапсени денеска во БиХ под сомнение дека извршиле воени злосторства врз припадници на бошњачката и хрватската националност во 1992 година во областа Босански Нови.

Според Државната агенција за истраги и заштита (СИПА), сите уапсени сè уште живеат во областа Босански Нови и неговата околина, а се товарат за злосторства против човештвото.

Во соопштението на СИПА се наведува дека осомничените се уапсени за сторени повеќе убиства и незаконско заробување, како и за злосторства извршени над неколку стотини лица во кампот Огнен дом, со кој управувала воената полиција.
Апсењата се извршени по налог на Посебниот оддел за воени злосторства во Обвинителството на БиХ.