Новата мутација на коронавирус може да донесе надеж наместо паника. Ковид-19 предизвикан од варијантата омикрон од Јужна Африка сè уште се однесува како помалку опасен, но во исто време изгледа позаразен. Токму оваа комбинација, според експертите, конечно би можела да ја премести инфекцијата во категоријата на вообичаени вируси. „Ако се докаже дека омикрон предизвикува поблага форма на болеста, тоа би бил подарок за Божиќ“, напиша германскиот здравствен експерт и можен следен федерален министер за здравство Карл Лаутербах на Твитер. Сепак, тој додаде дека е потребно да се почека да се види како вирусот се однесува во телата на повозрасните.
Модерна предупреди дека вакцините се помалку ефикасни против Омикрон, берзите паѓаат
Според досега собраните податоци од Јужна Африка, каде што се појави новата мутација, предизвикува помалку сериозни проблеми како што се замор, главоболка и болки во мускулите, но се чини дека не предизвикува компликации опасни по живот поради што на пациентите им е потребен кислород и поврзување со респиратори. Доктор Анџелик Котзи, која беше првата што го откри омикрон сојот кај пациент и лекуваше седум пациенти, смета дека нема потреба за поголема загриженост. „Она што го гледаме овде во Јужна Африка е навистина многу благи симптоми. Состојбата на пациентите се подобри два-три дена откако ги видовме“, изјави таа за Дејли Мејл.