Летонија повика на постојани американски трупи како заштита од закана од Русија

американскиот државен секретар Ентони Блинкен

На Летонија ѝ треба постојано американско воено присуство за да ја одврати Русија и сака да ја зајакне својата одбрана со американски ракети Патриот, изјави министерот за одбрана Артис Пабрикс пред посетата на американскиот државен секретар Ентони Блинкен во Рига на состанокот на шефовите на дипломатиите на земјите членки на НАТО. Алијансата е вознемирена од трупањето на руската војска на границите на Украина.

Шефот на НАТО промовира борбени сили на Алијансата на Балтикот

„Потребна ни е дополнителна меѓународна помош. Би сакале да имаме постојано воено присуство на Соединетите Држави во нашата земја“, “, изјави Пабрикс за Ројтерс.

Што се крие зад стравот од можна руско-украинска војна?

Поттикнати од руската анексија на Крим во 2014 година и поддршката на Москва за сепаратистите во источна Украина, НАТО распореди четири мултинационални борбени групи со големина на баталјон за одбрана на Полска и балтичките држави Литванија, Летонија и Естонија од јули 2017 година. Москва вели дека нема намера да ги нападне Балтикот или Полска и го обвинува НАТО дека ја дестабилизира Европа со доближување на војниците до руските граници.