СЗО предупреди дека омикрон создава „многу висок“ ризик од нови бранови на ковид-19

потенцијалните нови бранови на варијантата омикрон може да имаат „тешки последици“

Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека варијантата на коронавирус омикрон, врз основа на првичните докази, носи многу висок ризик од пораст на инфекции, додавајќи дека потенцијалните бранови може да имаат „тешки последици“. Проценката на здравствената агенција на ОН во техничкиот документ издаден до земјите-членки е најсилното предупредување на СЗО досега за новата варијанта на коронавирус идентификувана во минатата недела од истражувачи во Јужна Африка.

Филипче: Се разговараше за омикрон, но нема нови анти-ковид мерки

Агенцијата смета дека прелиминарните докази ја зголемуваат можноста оти „невиден број мутации“ на варијантата би можеле да помогнат и да избегне одговор на имунолошкиот систем и да ја зајакне неговата способност да се шири од едно на друго лице.

Бајден - Омикрон е причина за загриженост, не за паника


„Во зависност од овие карактеристики, може да има идни бранови на ковид-19, што може да има тешки последици, во зависност од голем број фактори, вклучително и каде може да се случат брановите. Вкупниот глобален ризик се оценува како многу висок“. Иако ниеден смртен случај не е поврзан со новата варијанта, омикрон брзо се шири бидејќи се повеќе земји пријавуваат случаи и ги затвораат своите граници.