Белорускиот автократски лидер Александар Лукашенко ги обвини литванските власти дека фрлаат тела на мигранти на границата меѓу двете земји, меѓу кои растат тензиите поради мигрантското прашање. Лукашенко, исто така, предупреди дека Белорусија цврсто ќе застане зад својот сојузник Русија доколку украинските власти започнат офанзива против бунтовниците во источна Украина, поддржани од Москва.
Околу 200 мигранти се обиделе да ја пробијат оградата на полско-белоруската граница
На средбата со највисоките претставници на белоруската армија, Лукашенко рече дека граничарите пронашле тела на двајца мигранти оставени на границата во текот на викендот. Литванските граничари го отфрлија тврдењето на Лукашенко, наведувајќи дека белоруските власти постојано се обидувале да исценираат тепање, или смрт на мигранти и да ја обвинат Литванија за таквиот „нехуман третман“.
Ирак планира повеќе летови за враќање на мигранти од Белорусија
Европската унија го обвинува Лукашенко за „хибриден напад“ врз Унијата, односно за охрабрување на мигрантите да се преселат од Белорусија во членките на ЕУ, Полска и Литванија. Брисел тврди дека тоа е одмазда на Лукашенко за санкциите што Унијата му ги воведе поради минатогодишната репресија на антивладините демонстранти. Белоруските власти ги отфрлаат тие обвинувања и возвраќаат со тврдења дека ЕУ не обезбедила безбеден премин за мигрантите. Поголема група мигранти, главно ирачки Курди, се заглавени во Белорусија од 8 ноември, на граничниот премин со Полска. Повеќето од овие мигранти избегаа од конфликтот или безнадежноста дома и сакаат да стигнат до Германија или други западноевропски земји. Белорускиот лидер ја отфрли можноста дека имало наводни руски планови за напад на Украина, за што стравува Западот, велејќи дека Москва ќе го информира дека има такви намери.