Пратениците од црногорската опозиција поднесоа во собраниска процедура иницијатива за изгласување недоверба на Владата. „Како што беше најавено, 40 пратеници од опозицијата поднесоа барање за недоверба на 42 влада. Очекуваме поддршка од убедливото мнозинство пратеници“, напиша на Твитер пратеникот и претседател на Социјалдемократската партија (СДП) Рашко Коњевиќ.
Ескобар: САД се загрижени за корупцијата во Црна Гора
Во Црна Гора се шпекулира за можноста за формирање малцинска влада составена од УРА на Дритан Абазовиќ, која во парламентот би била поддржана од Демократската партија на социјалистите (ДПС) на Мило Ѓукановиќ. Црногорскиот претседател и лидер на ДПС, Мило Ѓукановиќ, рече дека има две решенија за актуелната политичка ситуација - избори или политичка влада - и ги отфрли шпекулациите дека условот за формирање малцинска влада е да се повлече од лидерската позиција на партијата и дека од него тоа го побарала меѓународната заедница.