Политичари, кеси и талибанци
МАКЕДОНИЈА - Од 1 декември стапува на сила обврската за наплата на кесите за носење стоки предвидена во новиот Закон за управување со пакување и отпад од пакување, соопшти денеска Министерството за животна средина и просторно планирање.
САД - Американскиот претседател Џо Бајден денска се обиде да ги убеди Американците дека САД се подготвени да се справат со новиот вид на коронавирус Омикрон, ветувајќи дека доколку е потребно ќе го забрзаат развојот на вакцини кои ќе можат да се справат со него.
МАКЕДОНИЈА - Се разменија мислења околу можните кадровски решенија кои треба да ги преземат потенцијалните обврски и одговорности, односно за соодветните позиции, министри, заменици министри и други раководни лица во рамки на централната власт“, се вели во соопштението на владината прес-служба по средбата на Зоран Заев и АФрим Гаши за нова владина коалиција.
ИРАН - Меѓународните преговори за заживување на иранскиот нуклеарен договор од 2015 година повторно започнаа во Виена по петмесечна пауза, а Вашингтон и Техеран ги повторија своите спротивни услови за враќање во сила на историскиот договор.
ТУРЦИЈА - Четири лица загинаа, меѓу кои и еден странски државјанин, а 19 се повредени во невреме предизвикано од силни ветрови во Истанбул, соопшти Кабинетот на гувернерот, пренесува Ројтерс.
РУСИЈА / УКРАИНА / ТУРЦИЈА - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека неговата земја е подготвена да дејствува како посредник меѓу Украина и Русија, и покрај тоа што односите меѓу Анкара и Москва се затегнати поради продажбата на вооружените беспилотни летала на Киев претходно оваа година.
МАКЕДОНИЈА - Апелацискиот суд Скопје ја потврди првостепената пресуда на Кривичен суд Скопје за случајот Насилство во Општина Центар, во кој првообвинетиот Никола Груевски беше осуден на 1 година и 6 месеци затвор, а останатите беа осудени на условни казни, односно алтернативни мерки.
АВГАНИСТАН - Талибанците побарале помош од Европската унија за одржување на авганистанските аеродроми, за време на разговорите во Катар одржани викендов.
ГРУЗИЈА - Во градскиот суд во Тбилиси продолжи судењето на поранешниот грузиски претседател Михаил Саакашвили. Тој во Судот ја доведува во прашање валидноста на постапката, а надвор неговите приврзаници се судрија со полицијата.