Тројца повредени во автобуската несреќа во Бугарија се очекува денеска да бидат пуштени од софиската болница Пирогов. Се работи за маж и неговата сопруга и за млада девојка, кои ќе бидат префрлени во земјава, соопшти дописникот на МИА од Софија.
Според официјалното соопштение од болницата, пациентите се во стабилна и добра општа состојба. Во моментов на Клиниката за изгореници и пластична хирургија има четири пациенти кои ноќта ја поминале според очекувањата на медицинскиот персонал во болницата и без промени од вчера.
Пациентот кој е хоспитализиран на Клиниката за неврохирургија закрепнува и веќе се движи. Тој имаше две успешни операции – на потколеницата и на ’рбетот.
Во саботата, на 27 ноември, двајца од повредените пациенти беа пренесени од болницата во Софија во Скопје. Пациентка на 17 годишна возраст и пациент на 49 годишна возраст беа префрлени на лекување во Клиничкиот центар „Мајка Тереза.“
Автобуската несреќа на македонски превозник се случи во Бугарија на 23 ноември. Но несреќата загинаа 45 луѓе, а седум се повредени.