Нова средба меѓу Заев и Гаши

Претседателот на Алтернатива Африм Гаши и премиерот Зоран Заев.

Претседателот на Алтернатива Африм Гаши и премиерот Зоран Заев денеска ќе одржат нова средба во врска со прашањето дали Алтернатива ќе се вклучи во Владата, потврдуваат од партијата на Гаши. Алтернатива по состанокот на Централното претседателството на 26 ноември донесе одлука да преговара за влез во Владата.

Алтернатива го овласти Гаши да преговара за влез во Владата

Првата средба меѓу Заев и Гаши се одржа на 19 ноември, а следуваше откако гласањето на доверба на владата по барање на опозицијата не беше успешно поради непојавувањето на пратеникот од Беса Кастриот Реџепи, поради што и немаше мнозинство за гласање на Владата.

Ковачевски - Имам големо искуство за позицијата претседател на СДСМ


СДСМ на 26 ноември ја потврди оставката на Заев од позицијата лидер на партијата, но партијата претходно одлучи тој да ја одложи премиерската оставка, како што беше наведено, поради предизвиците со кои во моментов се соочува државата, како енергетската криза и пандемијата. Во врска со оставката од премиерската функција, Заев денеска изјави дека таа ќе зависи од преговорите за парламентарно мнозинство со Алтернатива.