Светскиот рекет број еден Новак Ѓоковиќ најверојатно нема да игра на тенискиот турнир Австралија опен поради задолжителната вакцинација против ковид-19, вели неговиот татко. „Што се однесува до вакцините, лично право на секој од нас е дали ќе бидеме вакцинирани или не. Никој нема право да влезе во нашата интимност“, ги цитираат српските медиуми зборовите на Срѓан Ѓоковиќ. Организаторите на Грен слем турнирот кој треба да започне на 17 јануари соопштија дека сите играчи ќе мора да бидат вакцинирани за да учествуваат. Ѓоковиќ засега одби да открие дали е вакциниран.
Ѓоковиќ е во четвртфиналето на УС Опен и на три победи од тениската историја
Ѓоковиќ заминува од Олимпијада без медал
„Под овие уцени и услови“, Срѓан Ѓоковиќ вели дека неговиот син веројатно нема да игра. Ѓоковиќ е бранител на титулата и би се кандидирал за рекордна 21. Грен слем титула на Мелбурн Парк. Тој е изедначен со ривалите Роџер Федерер од Швајцарија и Рафаел Надал од Шпанија со 20 гренд слем титули поединечно. Надал потврди дека ќе игра на Австралија опен, но Федерер ќе го пропушти турнирот бидејќи се опоравува по уште една операција на коленото.