Светската здравствена организација (СЗО) е поблиску до консензус за преговарање за меѓународен договор за спречување на идни пандемии, иако Вашингтон досега не сака да го направи пактот правно обврзувачки, велат западните дипломати. Министрите за здравство од 194 земји-членки на СЗО денеска започнуваат тридневно специјално собрание за да се обидат да склучат договор со цел зајакнување на способноста на агенцијата да се справи со пандемијата, откако беше критикувано нејзиното справување со ковид-19. Соединетите Држави поставија „црвена линија“ дека сè уште не сакаат да се обврзат на правно обврзувачки договор, но ја поддржуваат идејата за договор, а ја поддржуваат Бразил и Индија, велат дипломатите.
Светот во трка за сузбивање на „Омикрон“ - новиот вид на коронавирус
Европската унија силно притиска за договор кој поставува цврсти обврски, со поддршка од 70 земји, рече европски дипломат. „Ние преговараме, има еден вид се поголем консензус за текстот, но се уште се водат дискусии“, рече тој. „Што и да правиме, потребна ни е континуирана посветеност на највисокото политичко ниво во иднина и да поставиме систем кој овозможува ангажман и подготвеност на највисоко ниво на многу подобро структуриран начин. Кина се вклучи во разговорите и не се спротивстави на договор, рече европскиот дипломат.
Светот страхува од новата варијанта на коронавирусот
Повеќе од 5,4 милиони луѓе умреа откако вирусот САРС-КоВ-2 се појави во централна Кина во декември 2019 година. СЗО вели дека Кина сè уште не споделила некои од своите рани податоци што би можеле да помогнат да се утврди потеклото на вирусот. Се очекува глобален договор да опфати прашања, вклучително и споделување на податоци и геномски секвенци на вируси кои се појавуваат, но досега разговорите не се фокусирани на неговата содржина.