Протест во Белград за ослободување на еколошки активист во Шабац

Протест на Еко движењата и Иницијативата Не го дави Белград за ослободување на уапсените по блокадите на патиштата во Србија

На Плоштадот на Републиката во Белград, со обраќање на граѓаните кои беа уапсени за време на еколошките протести, синоќа се одржа протестот од кој е порачано дека еколошките активисти нема да се откажат од барањето за повлекување на законот за експропријација и референдум. Советникот од Ваљево Жељко Трифуновиќ изјави дека Србија се крена и се побуни и додаде дека тоа не било случај само во големите градови, туку и во малите градови. Според организаторите на собирот се обратиле граѓани кои биле уапсени и претепани за време на мирните граѓански протести кои завчера беа организирани во повеќе градови во Србија.

Протести во Белград за чист воздух

Протести во Србија, блокиран сообраќај во неколку градови

Насобраните свиркаа и скандираа „востание, востание“ и против претседателот на Србија, а бараат ослободување на активистот од Шабац кој беше уапсен вчера. Отворената граѓанска платформа „Акција“, Заедно за Србија, Еколошкото востание и „Да не го давиме Белград“ го закажаа протест со барање за „итно укинување на притворот за мажот кој вчера спречи багер да гази граѓани на протестот во Шабац“.