Политика и фудбал
МАКЕДОНИЈА - Македонската фудбалска репрезентација во полуфуналето на плејофот за пласман на Светското првенство 2022 кое ќе се игра во Катар ќе ги одмери силите со европскиот првак Италија. Доколку црвено жолтите победат во финалето, потоа ќе се сретнат со подобриот од дуелот меѓу Португалија и Турција. Македонија на првата средба ќе биде гостин., бидејќи не беше носител на денешната ждрепка во Цирих.
МАКЕДОНИЈА - Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши изјави дека партијата ќе се води од очекувањата на своите гласачи, интересите на Албанците во земјата, како и државните интереси кои се тесно поврзани со нивните партиски и национални цели.
БРАЗИЛ - Поранешниот претседател на Олимпискиот комитет на Бразил Карлос Артур Нузман, кој беше на таа функција повеќе од две децении, е осуден на 30 години и 11 месеци затвор поради купување гласови во процесот на избор на Рио де Женеиро за домаќин на Олимписките игри во 2016 година. Пресудата беше објавена вчера. Нузман, кој беше на чело на Организациониот одбор за Игрите во Рио, е прогласен за виновен за корупција, злосторничко здружување, перење пари и затајување на данок.
СЛОВЕНИЈА - Словенечкиот амбасадор Милан Предан чија земја претседава со ЕУ изјави дека остануваат оптимисти за решение на прашањето со Бугарија до крајот на годината. Според него, реално е да се очекува дека барем ќе се подготви теренот за да се дојде до договор, кој може да биде донесен во јануари. Предан смета дека сигналите од потенцијалниот нов премиер на Бугарија се охрабрувачки, бидејќи тој има порационален пристап, велејќи дека историјата не треба да биде главно прашање во билатералниот дијалог, туку само дел од него.
УКРАИНА - Украинската разузнавачка служба открила планови за организирање државен удар во Украина од страна на луѓе од Русија. Според плановите ударот требало да се случи следната недела, соопшти денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тој за време на прес-конференцијата не даде целосни детали за заговорот, ниту го обвини Кремљ за директна вмешаност.
МАКЕДОНИЈА - Во опожарениот автобус на Беса Транс е пронајдено 45-тото тело, се работ за лице на помала возраст, рече денеска Државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески, на прес конференција. Телото кое било пронајдено во изгорениот автобус е пренесено во Институтот во Бугарија, рече обвинителот. Со тоа во несреќата настрадале 45 патници, а седум се пренесени на лекување во софиската болница, изјави Јовески. Обвинителот вели дека не треба да се има сомнеж во пронаоѓањето на уште едно тело.