Европската унија (ЕУ) има намера да го забрани авио-сообраќајот од регионот на Јужна Африка по појавата на нова варијанта на ковид-19, соопшти денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајан.
„Комисијата во координација со државите членки ќе предложи да се активира итно запирање на авио-сообраќајот од јужноафриканскиот регион поради загриженоста од варијантата Б.1.1.529“, напиша фон дер Лајен на Твитер.
Новата варијанта е екстремно заразна со многу голем број мутации што може да му овозможат да избегне вакцини.
Светската здравствена организација претходно соопшти дека за денеска е закажан итен состанок за да се разговара што значи тоа за пандемијата и вакцините.