Јужноафриканските научници соопштија дека била откриена екстремно заразна варијанта на коронавирус со многу голем број мутации што може да му овозможат да избегне вакцини. Светската здравствена организација закажа итен состанок за денеска за да разговара што значи тоа за пандемијата и вакцините. „Загриженоста е дека кога имате толку многу мутации, тоа може да има влијание врз тоа како се однесува вирусот“, изјави Марија Ван Керхове од СЗО.
На вакцините можеби ќе им требаат промени против мутациите на коронавирусот
Варијантата е претежно концентрирана во Гаутенг, најнаселената провинција во Јужна Африка која ги вклучува Јоханесбург и главниот град Преторија. Професорот Тулио де Оливеира, директор на Центарот за одговор на епидемијата во Јужна Африка, рече дека новата варијанта е „навистина загрижува поради муатциите“ и е различна од другите варијанти. Тој додаде дека варијантата има 50 мутации, вклучително. Како одговор, британската влада објави дека ги забранува летовите од Јужна Африка и пет други јужноафрикански земји кои стапуваат во сила денеска.