Комесарот за проширување на Европската унија Оливер Вархеји, на крајот од дводневната посета на Босна и Херцеговина изјави дека земјата ризикува да загуби 1,5 милијарди евра инвестиции поради актуелната политичка криза. „Ова е критичен момент за земјата, за граѓаните и компаниите. Реформите се во тек и БиХ ризикува да загуби 1,5 милијарди евра инвестиции доколку не се преземе нешто“, рече Вархеји. Говорејќи за средбата со лидерите на трите владејачки партии во БиХ, Милорад Додик (СНСД), Бакир Изетбеговиќ (СДА) и Драган Човиќ (ХДЗ БиХ), еврокомесарот за проширување изјави дека „лидерите се отворени за изнаоѓање решение и покажале подготвеност за напредок“.
Секој втор млад човек во БиХ сака да ја напушти земјата
Ескобар-Шмит: САД ќе направи се за да успее БиХ
Тој додаде дека гледа подготвеност да се решат несогласувањата во однос на државниот имот, законот за забрана на негирање на геноцидот, уставните и изборните реформи. Според него, БиХ ќе ја надмине сегашната криза, исто како што беше направено со одржувањето на изборите по 12 години во Мостар, што, како што истакна, покажа дека дијалогот дава резултати.