Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) објави тендер за доделување одобренија за користење радиофрекфенции за петтата мобилна генерација 5Г.
Рокот за доставување на понудите е 35 дена, а јавното отворање на понудите е закажано за 5 јануари во 10 часот. Одлуката за избор на понудувачи кои ќе учествуваат во предвидената постапка на јавно наддавање ќе се донесе во рок од седум дена од денот на јавното отворање на понудите.
Писма за интерес за учество на тендерот за доделување одобренија за користење радиофрекфенции за 5Г, по објавата на АЕК на 1 јуни годинава доставија компаниите Неотел, Битстрим Мобиле, Македонски телеком и А1 Македонија.
До крајот на 2023 година најмалку еден град треба да биде покриен со 5Г сигнал, до крајот на 2027 година сите градови во државата да бидат покриени со непрекинат 5Г сигнал, а до крајот на 2029 година, секој граѓанин да има можност за пристап до интернет преку 5Г со минимална брзина на пристап до интернет од најмалку 100 Mbps.