Нема опасност по животите на повредените пациенти во болницата Пирогов

Роднини на пацинетите пред болницата Пигоров

Сите пациенти повредени во автобуската несреќа на автопатот Струма се во стабилна општа состојба, и нема опасност по нивните животи, соопшти денеска болницата „Пирогов“ Во Софија.

Во соопштението од болницата се наведува дека двајца пациентите биле оперирани вчера и се во добра општа состојба.

„Повредените кои биле на интензивна нега денеска се пренесени на одделението на Клиниката за изгореници и пластична хирургија. Едно од повредените лица денеска треба да биде оперирано“, стои во соопштението од болницата во која се сместени седуммината повредени од автобуската несреќа, која се случи на 23 ноември.

„Со оглед на шокот од несреќата и тешките психички трауми, хоспитализираните добија и специјализирана психолошка поддршка од болницата. Се уште нема јасна прогноза кога може да се отпуштат“, велат од болницата.

Главниот бугарски обвинител Иван Гешев денеска ќе допатува во Скопје за лично да поднесе барање за правна помош до Обвинителството во Македонија. Бугарските обвинители треба да добијат ДНК профили од роднини на загинатите во автобуската несреќа заради идентификација на жртвите.

Во меѓувреме, продолжува истрагата за тешката автобуска несреќа во која загинаа 45 лица на автопатот „Струма“ во Бугарија.