Директорот на Државниот инспекторат за транспорт Руфат Хусеини изјави дека во последната година биле извршени четири вонредни инспекциски надзори на граничниот премин „Деве Баир“ каде агенцијата „Беса транс“ вршела слободен меѓународен превоз на патници.
Тој рече дека приотоа биле утврдени и неправилности во однос на непочитување на протоколот за јавен превоз на патници и фирмата била соодветно санкционирана, но дека не биле утврдени пропусти во однос на документацијата и потребните лиценци. Хусеини вели дека е сигурен дека автобусот бил регистриран, но дека немал извод од лиценца.
„Беса транс“ е туристичката агенција во чија сопственост беше автобусот кој учествуваше во сообраќајната несреќа во која загинаа 45 луѓе, а седум лица беа повредени, а се случи рано утрината на 23 ноември на автопатот „Струма“ на 40 километри од бугарскиот главен град Софија. Автобусот од Турција се враќал кон Македонија преку Бугарија. Истрагата треба да ги даде одоговорите за причината за несреќата.
Хусеини вели дека при надзор, инспекторите ја прегледуваат комплетната документација, лиценца, извод од лиценца, сертификат за возачи, но дека фирмата немала такви пропусти при вршење на контролите.
„Прашањето е кога е купен автобусот, дали работел цела година, колку време работел – тоа треба да го каже Царинската управа зашто таа води таква евиденција. Ако авотбусот немал извод од лиценца, Царинската управа требаше да му забрани излез од Севрна Македонија“, вели Хусеини за телевизија Телма.
Тој наведе дека денеска компанијата не била проверувана, а дека донел наредба за вонреден инспекциски надозр по насоки на Владата.
„Собираме документација од Министерство за транспорт за лиценцата, изводите од лиценцата, вработените возачи, за наредните денови да го извршиме вонредниот надзор, а по наодите што ќе се откријат, ќе се преземат соодветни мерки“, вели Хусеини.
Тој додаде дека Државниот инспекторат не е надлежен за безбедноста на сообраќајот, туку дека тоа го контролираат МВР и Министерството за транспорт и врски.
„Често добивме вакви обвинувања и прашања кои не се во наша надлежност. Ние вршиме надзор на актите што ги издава Министерството за транспорт и врски, а тоа се лиценци, дозволи, изводи од лиценци, сертификати за возачите кои и ако ги нема, не може да дојде до сообраќајна незгода“, вели Хусеини.
Инаку, денеска Министерството за транспорт и врски соопшти дека за автобусот на „Беса транс“, во кој загинаа 46 луѓе на автопатот „Струма“ во Бугарија, не бил издаден извод од лиценца за вршење на меѓународен слободен превоз на патници, ниту пак за друг јавен превоз на патници.
Институцијата наведе дека возилото не е евидентирано во електронската евиденција на издадени лиценци, поради што на фирмата „Беса Транс БТБ“ и се одзема лиценцата за работа, односно и се забранува вршење на дејност.