Бугарски обвинител во Скопје ќе зема ДНК од семејствата на загинатите во автобуската несреќа

Македонскиот автобус кој на 23 ноември се запали на автопатот „Струма“ во Бугарија, а загинаа 45 луѓе и седум беа повредени.

Шест истражители од бугарската национална служба и тројца обвинители од Окружното обвинителство во Перник ќе работат на предистражната постапка за автобуската сообраќајна несреќа на автобатот „Струма“ во која загинаа 45 државјани на Северна Македонија, а седум беа повредени.

Портпаролката на јавниот обвинител на Бугарија Сијка Милева соопшти дека ова се должи на меѓународниот аспект на случајот, при што обвинителите од Меѓународниот оддел при Врховното обвинителство на Бугарија дале целосна помош и координација во врска со испраќањето на правна помош.

Сообраќајната несреќа во која во автобусот на туристичката агенција „Беса транс“ загинаа 45 луѓе, а седум беа повредени, се случи рано утрината на 23 ноември на автопатот „Струма“ на 40 километри од бугарскиот главен град Софија. Истрагата треба да ги даде одоговорите за причината за несреќата.

Милева за бугарскиот медиум „24 Часа“ наведе дека во рамките на меѓународната правна соработка, прецизирани се најкратките можни рокови за доставување на потребните документи и дека во оваа насока главниот обвинител од Бугарија Иван Гашев ќе испрати до Скопје обвинител и истражител од тимот кои ќе достават барање за правна помош до Обвинителството на Република Северна Македонија и дека тимот лично ќе ги добие потребните документи.

За да се идентификуваат загинатите македоснки државјани, бугарскиот тим ќе добие ДНК-профили на роднините на жртвите за да ги спореди со ДНК-профилите на жртвите за што поскоро да ги идентификува, рече Милева.

Исто така таа наведе дека главниот обвинител на Бугарија Иван Гашев е во постојана комуникација со главниот обвинител на Северна Македонија Љубимир Јовески.

Претходно денеска и македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи дека идентификацијата на загинатите ќе трае најмалку седум дена – постапка во која, како што рече, активно се вклучени и македоснки експерти.

Тој изјави дека откако ќе заврши идентификацијата на сите тела, тогаш МНР ќе ги преземе телата на починатите и ќе организира транспорт со погребални возила во Скопје, каде семејствата ќе можат да ги подигнат.


Инаку, македонскиот државен обвинител Јовески денеска изјави дека Обвинителството нема нови информации во врска со сообраќајната трагедија, наведувајќи дека не били ниту договорени со надлежните од бугарија да им ги доставуваат сите информации. Тој рече дека се убедени во професионалноста на бугарските обвинители и дека ќе ги расветлат сите околности околу трагедијата.