„Дојдете во мртовечниците“

РУСИЈА - Руските политичари и славни личности кои се противат на вакцинацијата против ковид нека ги посетата таканаречените црвени ковид зони во болниците и мртовечниците и нека видат какви сурови ефекти предизвикува болеста, повикаа денеска група лекари кои се на раководни места во големите руски болници.

СРБИЈА - Поради страв од одземање на имот, денеска беше одржан протест пред српското Собрание во Белград каде пратениците расправаат за измени на Законот за експропријација и на Законот за референдум.

ФРАНЦИЈА - Најмалку 20 мигранти денеска загинаа при потонување на брод на каналот Ла Манш, во обид да стигнат до Велика Британија, соопшти француската полиција.

УКРАИНА / РУСИЈА - Русија и Украина одржаа воени вежби на 24 ноември во услови на зголемени тензии поттикнати од извештаите за големо засилување на руската војска во близина на украинската граница, што ги зголеми стравувањата од можна инвазија.

МАКЕДОНИЈА / СРБИЈА / АЛБАНИЈА - Доколку во иницијативата Отворен Балкан не бидат вклучени сите шест држави од Западен Балкан, таа нема да успее, изјави денеска пратеникот на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар.

МАКЕДОНИЈА - Македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи денеска во Софија имаше средба со бугарскиот главен обвинител кој е надлежен за истрагата за автобуската несреќа во која загинаа 46 лица. Османи информираше дека идентификацијата на загинатите ќе трае 7 дена.

МАКЕДОНИЈА - Членовите на Државната изборна комисија (ДИК) нема да земат дополнителни надоместоци за локалните избори.

СРБИЈА - Србија ќе ја зголеми финансиската поддршка за првородено дете и таа ќе изнесува 2550 евра, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ претставувајќи ги новите демографски мерки. Досега помошта за првородено бебе беше 850 евра.

САД / ИРАН - Шефот на Агенцијата на ОН за атомската агенција, Рафаел Гроси, денеска изјави дека разговорите што ги одржал во Техеран оваа недела за иранската нуклеарна програма се покажале како неубедливи.