Најмалку 20 мигранти денеска загинаа при потонување на брод на каналот Ла Манш, во обид да стигнат до Велика Британија, соопшти француската полиција.
Мигрантите од Франција заминале кон Велика Британија со брод кој потонал недалеку од францускиот град Кале.
Францускиот премиер Жан Катекс изјави дека бродската несреќа е „трагедија“, додавајќи дека загинатите се жртви на „криминален шверц“.
„Моите мисли се со многуте исчезнати и повредени жртви на криминални шверцери кои ја злоупотребиле нивната ситуација“, рече Катекс.
Француските и британските власти спроведуваат спасувачка операција на Ла Манш, на море и од воздух. Најмалку пет лица се извлечени од морето во несвесна состојба. Три хеликоптери и три брода трагаат по исчезнатите.
Претходно оваа недела, британскиот министер за внатрешни работи Прити Пател го опиша како „неприфатлив“ бројот на мигранти што ја напуштаат Франција.
Несреќата се случи во услови кога рекорден број мигранти заминуваат од Франција кон Велика Британија.