Русија и Украина одржаа воени вежби на 24 ноември во услови на зголемени тензии поттикнати од извештаите за големо засилување на руската војска во близина на украинската граница, што ги зголеми стравувањата од можна инвазија.
Русија организираше воени вежби во Црното Море, јужно од Украина. Земјата образложи дека треба да ја зајакне борбената готовност на нејзините конвенционални и нуклеарни сили поради, како што ја нарече министерот за одбрана Сергеј Шојгу, „растечката активност на земјите на НАТО во близина на руските граници“.
За време на вежбите во Црното Море, руските воени авиони и бродови вежбаа одбивање на воздушни напади врз поморските бази и давање одговар со воздушни напади, пренесе Интерфакс.
Во меѓувреме, Украина организираше вежби во близина на нејзината северна граница, за кои рече дека треба да ја зајакнат подготвеноста за потенцијално прелевање на повеќемесечната мигрантска криза на границата меѓу Полска и Белорусија.
Киев и неговите западни поддржувачи кренаа тревога во последните недели поради засилувањето на руската војска во близина на Украина, а шефот на украинското военото разузнавање на 21 ноември тврдеше дека Русија собрала 92.000 војници во близина на границите на Украина и дека подготвува напад на почетокот на февруари.
Кремљ ваквите наводи ги нарече „неосновани“.