Општина Чаир одобри пари за семејствата на жртвите во автобуската несреќа

Местото каде се случила несреќата

Советот на Општина Чаир денеска на вонредна седница одлучи да им се додели парична помош на семејствата чии роднини ги загубија животите во автобуската несреќа во Бугарија.
Од Општината соопштија дека парите предвидени за новогодишно украсување ќе бидат пренаменети за семејствата на загинатите.

Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу рече дека 1.200.000 денари(20 илјади евра) ќе бидат ставени на сметката постојани резерви. Формирана е и Комисија која ќе одлучува за распределба на овие пари.

Ганиу вчера рече дека 16 од жртвите се со адреса од општина Чаир.

Во автобуската несреќа на македонски превозник во Бугарија загинаа 46 луѓе, а седум се повредени.